МОДРИЌ СТАНА ЧЕТВРТИОТ ФУДБАЛЕР СО 200 НАСТАПИ ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Лука Модриќ стана четвртиот фудбалер во историјата со 200 настапи за својата репрезентација, откако ја предводеше Хрватска до победата од 1:0 против Панама на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Четириесетгодишниот Модриќ го игра своето петто светско првенство.

Кристијано Роналдо го држи светскиот рекорд со 230 настапи за Португалија, а пред Модриќ се само уште Бадер Ал-Мутава со 202 мечеви за Кувајт и Лео Меси, кој пред неколку дена го одигра 201. натпревар во дресот на Аргентина.

Модриќ дебитираше за хрватската репрезентација на пријателскиот натпревар со Аргентина во март 2006.

(Фото: Фејсбук/ХНС)