„ИМАМ СЀ“, НОВА БАЛАДА НА ПОП-ПЕЈАЧОТ СТЕФАН ВЕЛИЧКОВСКИ ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачот Стефан Величковски ја промовираше својата нова песна „Имам сѐ“, балада за која вели дека е посветена на родителската љубов и поддршката за децата.

Текстот го напиша неговата сопруга Ана Николовска-Величковски како роденденски подарок за нивната ќерка Зорана, а Стефан Величковски е автор на музиката.

На песната работеше и Иле Спасев како аранжер, а Драган Ристевски го режираше видеоспотот, во кој главната улога ја има ќерката Зорана.