Младиот пејач Борјан Диневски дебитира со синглот „Трофеј“. Диневски има 18 години и е ученик во четврта година во скопската гимназија „Орце Николов“.
„’Трофеј’ е поп/афробит песна со свеж, модерен звук и летна атмосфера, создадена да внесе нова енергија и да понуди нешто поинакво на музичката сцена во периодот што следи. Автор и продуцент на песната е Александар Масевски“, вели Диневски.
Тој додава дека има желба да создава музика што ќе допре до помладата публика, но и до сите љубители на современиот поп звук.