Со концерт на грчкиот ансамбл „Десетте бузуки на Домна“, на 16 јули во 21 часот во Хераклеја, ќе биде отворено 20. јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“. На концертот ќе настапат музичари на 10 бузуки, гитара, контрабас, солисти и танчари.
„Локум фест“ е единствен фестивал од ваков тип во Македонија, кој веќе дваесет успешно ги поврзува традиционалната градска музика, етно звукот и современата светска музика. Досега на фестивалот се одржаа овеќе од 110 концерти со учесници од Македонија, Балканот и светот.
„Настанот кој се одржува во рамки на Бит Фест, има значајна улога и во промоцијата на културниот туризам, претставувајќи ја Битола како препознатлива културна дестинација“, велат организаторите.
Влезниците се продаваат преку мрежата на karti.com.mk и на билетарата во Хераклеја на денот на концертот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА