На 8 август, на Ракометното игралиште во Битола ќе се одржи музичкиот С.О.С. фестивал, во рамките на Бит фест 2026.
Настапуваат „2Бона“, Тони Зен со својот бенд во живо и Влатко Лозаноски-Лозано, со своите најголеми хитови. Фестивалот е во организација на „Фреш Унион“.
„Настанот е замислен како промоција на квалитетната домашна музика и поддршка на македонската сцена, без кич и турбо-фолк. Драго ни е што ќе настапат едни од најпуларните домашни музичари“, велат организаторите.
Влезниците се во продажба по промотивна цена од 790 денари и можат да се набават онлајн преку платформата www.wayin.mk