ТОНИ ЗЕН ИЗДАДЕ ПРЕМИУМ СЕТ СО ДВА АЛБУМА И СТИХОЗБИРКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По повод 21 година од првиот албум, Тони Зен издаде премиум сет кој содржи два албума на винил и две стихозбирки. Албумот „Од изворот на изборот” е издаден во 2019 на цеде, но овојпат е на плоча, додека новиот албум, седми по ред, ќе биде единствено на винил и е насловн „21/7 – Другата страна на изборот”.

И двата албума имаат своја стихозбирка, во која се напишани текстовите. Во албумот „Од изворот на изборот” се преведени и на англиски јазик, а во стихозбирките има и фотографии и јапонска калиграфија направена од Тони Зен. Фотографиите се аналогни, со цел да се задржи автентичноста на ова издание или концепт насловен „Изборот/Изворот”.

„Ова издание е моето животно дело, кое ги опишува моите духовен пат и развивање низ полето на музиката, културата, уметноста и животот воопшто“, вели Тони Зен.

Албумите и стихозбирките ги има во сите продавници на „Литература.мк“.