ОСУМ КОНЦЕРТИ НА ДОМАШНИ И РЕГИОНАЛНИ ЅВЕЗДИ ЌЕ ИМА ЛЕТОВО ВО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ „ПРАГМА“ И „НЛБ БАНКА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Осум концерти на регионални и македонски музички ѕвезди ќе има летово во организација на „Прагма продукција“, која најави соработка и повилности за младите преку „НЛБ Банка“ преку NLB Next и специјални активации за корисниците на НЛБ картичките. Партнерството ги опфаќа настапите на: „Дупер“, Слаткаристика и пријатели, „2Бона“, Рита Ора, Сенидах, Петар Грашо, Саша Ковачевиќ, „Црвена јабука“ и Нина Бадриќ.

Со ова партнерство, „НЛБ Банка“ ја продолжува својата заложба за поддршка на културата, музиката и настаните што создаваат вредни искуства за заедницата, со посебен фокус на младата популација и на корисниците на NLB Next пакетот за млади.

„Со NLB Next сакаме да бидеме онаму каде што се младите, во нивниот ритам, нивните интереси и нивните искуства. Музиката е еден од најсилните начини за поврзување со младата генерација, а ова партнерство ни овозможува да им понудиме повеќе од банкарство, можност за нови доживувања, забава и привилегии што се дел од нивното секојдневие. NLB Next е креиран како современо, дигитално и бесплатно банкарско решение за млади од 18 до 25 години, но и како платформа која ги следи нивните NEXT чекори, од прва сметка и прва плата, до први големи музички искуства“, изјави Ивона Галиќ-Петков, самостоен советник за односи со јавност во „НЛБ Банка“.

Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“ вели дека летната концертна сезона ја подготвуват како програма што ќе понуди разновидни музички доживувања.

„Многу сме задоволни од соработката и целата организација, ова е една од ретките можности млади музичари од Македонија да соработуваат со идоли од нивната генерацијa. Соработуваме со Слаткар, кого сме го гледале на телевизија, а ќе му бидеме гости на концертот. За добра соработка треба да има и добра дружба, а ние тоа го имаме“, изјавија членовите на „Дупер“.

„Ова ми се блиски луѓе, имаме многу убав однос и иста естетика. Мислам дека ова е старт на дружба што ќе трае со години. Нема многу да ви споделувам, ве чекам сите на концертот на 2 август“, кажа Марко Маринковиќ-Слаткар.