Од денеска (16 јули), во скопското кино Синеплекс и во кината на Киноверзум во Штип, Велес и Драчево игра „Одисеја“, новиот филм на Кристофер Нолан.
Филмот го следи грчкиот херој Одисеј (Мет Дејмон) додека патува дома по Тројанската војна. Дејмон глуми покрај Ен Хатавеј, Зендаја, Том Холанд, Лупита Њонго, Шарлиз Терон, Мија Гот, Бени Сафди, Џон Бернтал, Џон Легуизамо и други. Нолан го напиша сценариото и го продуцираше филмот заедно со неговата сопруга Ема Томас.
Ова се некои од податоците за снимањето низ бројки
- Снимањето траеше шест месеци, иако првично беше планирано да заврши за 100 дена. Благодарение на ефикасната организација, продукцијата беше завршена девет дена пред предвидениот рок.
- „Одисеја“ се снимаше во Грција, Италија, Мароко, Исланд, Шкотска и САД.
- Беа дизајнирани и изработени 5.300 костими. Костимографката Елен Миројник раководеше со тим од 175 шнајдери во Лос Анџелес и со екипа од повеќе од 500 соработници ширум светот, кои помогнаа костимите да оживеат на екранот.

- За да го напише сценариото, Нолан проучувал бројни преводи и адаптации на поемата. Искористени се 12.109 стихови од поемата
- Во актерската екипа има четворица оскаровци: Ен Хатавеј, Шарлиз Терон, Лупита Нјонго и Мет Дејмон.
- Буџетот на филмот е 250 милиони долари. Сепак, ова не е најскапиот филм на Нолан – таа титула ја носи „Подемот на Темниот витез“. Според денешните стандарди, буџет од 250 милиони долари е во рамките на големите холивудски блокбастери.
(Фото: Фејсбук)