По „Топ ган“, Том Круз ѝ се враќа на уште една своја позната улога од почетоците на кариерата. „Парамаунт“ го потврди снимањето на продолжението на „Денови на грмотевицата“, чиј режисер треба да биде Џонатан Левин.
Круз ќе биде и продуцент, заедно со Џери Брукхајмер, кој го продуцираше оригиналниот филм од 1990, што беше режиран од сега покојниот Тони Скот.
Круз го играше Кол Трикл, тркачка ѕвезда ангажирана од нов НАСКАР тим, предводен од легендарен возач, кого го глумеше Роберт Дувал. На снимањето на филмот Круз ја запозна Никол Кидман, со која потоа помина во брак 11 години.