Пијан славеј на вечерва (19 август) ќе одржи концерт во Велешкиот театар, од 21 часот. Пијан Славеј е алтер-егото на фронтменот на „Фолтин“, Бранислав Николов. Влезот е бесплатен.
На концертот Николов ќе настапи со Пеце Брада Трајковски и Славчо Јовев, а ќе го изведат вториот албум „Нудист“, објавен во 2024 година.
Идејата на Пијан славеј е создавање нова македонска шансона, која со современ звук се надоврзува на музичката поезија од 1960-тите и 1970-тите години.
Бранислав Николов е вокал и гитарист, Пеце Брада Трајковски свири електрична гитара и синтисајзер, а Славчо Јовев е на тапани. Тројцата музичари се членови и на групата „Фолтин“.
Николов е музичар, пејач текстописец и поет и е еден од основачите и фронтмен на „Фолтин“. Со групата има девет студиски изданија, а има напишано и музика за повеќе од 30 театарски претстави, како и за документарни и играни филмови.
П. ПЕЧКОВ