САРАЕВСКАТА ОПЕРА „ЗМЕЈОТ ОД БОСНА“ ВЕЧЕРВА ВО МОБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Народно позориште од Сараево вечерва во 20 часот гостува на Мајските оперски вечери (МОВ) во Македонската опера и балет (МОБ) со операта „Змејот од Босна“.

Операта е најново дело на босанскиот композитор Азим Хорозиќ. Либретист е Нијаз Алиспахиќ, а ќе диригира Нада Матошевиќ-Орешковиќ од Хрватска.

МОБ ја најавува „Змејот од Босна“ како интимна приказна за Хусеин Градашчевиќ, отоманско-босански, потоа независен бошњачки воен командант од 19. век, кој подоцна го води бунтот против отоманската влада, барајќи автономија за Босна.

Поради своите решителни ставови го добил прекарот „Змеј од Босна“ и станал народен херој, како и една од најпочитуваните фигури во историјата на Босна и Херцеговина.