СО ПРЕМИЕРАТА НА „НОНА“ СЕ ОТВОРА НОВАТА СЕЗОНА ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва (11 септември) од 20 часот ќе се изведе премиера на претставата „Нона“, со која велешкиот театар Јордан Xаџи Константинов-Џинот ја започнува театарската сезона 2026/27. Претставата е работена по текст на аргентинскиот драмски автор Роберто Коса, во режија на Дамјан Костовски.

„Станува збор за познатата црна комедија која преку хумор, апсурд и семејните односи отвора низа прашања за човекот, семејството и општеството“, соопштија од Велешки театар.

Во насловната улога на Нона настапува Фаик Мефаилоски, а играат и Кире Ацевски, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Благојчо Стојанов, Славица Манаскова и Талија Ѓорѓиева.

Драматург e Катерина Момева, cценографијата на Филип Коруновски, костимите на Марија Пупучевска, а кореограф e Кренаре Невзати.

П. ПЕЧКОВ