На 20 ноември, во Филхармонијата од 20 часот ќе се одржи концертот „Numb“, посветен на музиката на „Пинк Флојд“, објави продукцијата „Фреш унион“. Концертот е најавен како аудиовизуелно шоу, а на програмата ќе бидат хитовите „Wish You Were Here“, „Comfortably Numb“, „Another Brick in the Wall“ и многу други.
„Концертот ќе биде проследен со ласери, светлосни ефекти, видеопроекции и други визуелни ефекти“, велат организаторите.
Билетите се продаваат преку мрежата на wayin.mk. Сличен концерт летово се одржа во Античкиот театар во Охрид, а песните ги пееја Ѓоко Танески и Дарко Гроздановски.