ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ „ПУЧИНИ И РОСИНИ“ ВО МОБ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Пучини и Росини“ е насловен вечерашниот гала оперски концерт во 20 часот во Македонската опера и балет (МОБ), што ќе се одржи во рамките на 46. Мајски оперски вечери.

Ќе диригираат Бисера Чадловска и Рафаеле Масколо од Италија, а ќе настапат сопранот Елена Баканова од Русија и првенците на МОБ: Славица Петровска-Галиќ, Сандра Митровска, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, Никола Китановски, Дарко Нешовски и Горан Начевски.

На концертот ќе се изведат композиции од оперите на Росини, „Италијанка во Алжир“, „Пепелашка“, „Патување во Рејмс“, „Севилискиот берберин“ и „Семирамида“, како и композиции од оперите на Пучини, „Тоска“, „Турандот“ и „Мадам Батерфлај“.