ПРОЅИРЕН ФУСТАН НА „ЖИВАНШИ“ ИЗБРАН ЗА ФУСТАН НА ГОДИНАТА

Велика Британија, (Гардијан)

Фустан со проѕирни детали од модната куќа „Живанши“, дизајниран од Сара Бартон, е избран за фустан на годината од Модниот музеј во Бат, Велика Британија.

Избраниот фустан е дел од трендот на таканаречена „гола мода“, кој во последните години е присутен на модните писти и црвените килими. Според музејот, ваквиот начин на облекување отвора прашања за женската слобода, самодовербата и за односот кон телото.

Сара Бартон, која долги години соработуваше со Александер Меквин, го дизајнираше фустанот за својата дебитантска колекција за „Живанши“.

Модниот музеј во Бат ја доделува титулата „Фустан на годината“ од 1963 година, со цел преку модата да ги документира културните и општествените промени.

(Фото: П. Стоун)