Пејачот на „Оејзис“, Лијам Галагер, првпат се сретнал со својата, сега 21-годишна ќерка Моли Муриш.
Галагер самиот го објави ова, постирајќи фотографија на којашто стои покрај Моли, која била одгледана од мајка ѝ Лиса. Тие биле во друштвото на Ленон и Џин, синовите на Галагер од неговите бракови со пејачките Петси Кенсит и Никол Еплтон.
Минатата година, Галагер призна дека никогаш не се запознал со Моли, затоа што не е во добри односи со мајка ѝ, која исто така е пејачка.
„Во секој случај, немам никаков проблем со Моли. Таа имаше сè што ѝ треба во животот и одеше во добри училишта. Им купив куќа и сè што оди со неа. Едноставно, мислев дека ѝ е подобро со мајка ѝ“, кажа тогаш Галагер во интервјуто за магазинот „Џи-Кју“, додавајќи дека е, сепак, отворен да се види со неа.
„Не е добро кога вакви работи се форсираат. Нека остане како што е, па ќе видиме што ќе се случи. Во секој случај, нема да ја одбијам“.
Се верува дека тие се сретнале на концертот на „Ролинг стоунс“ во Лондон.
Галагер има уште една ќерка, од врската со американската новинарка Лајза Горбани.
„И со неа не сум се сретнал. Ако им треба нешто, слободно нека ми се јават“, кажа Галагер.