Оскаровката Џулиен Мур ја има главната улога во новата музичка комедија „Дебито“ (The Debut) на актерот и режисер Џеси Ајзенберг, со која се затвори 70. Лондонски филмски фестивал. Мур го пофали сценариото, нарекувајќи го едно од најдобрите што некогаш го прочитала.
Мур ја игра Мона Фридман, домаќинка од Њу Џерси, која се пријавува на аудиција за локална театарска претстава. Откако добива улога во мјузиклот, таа сѐ повеќе се внесува во ликот, што почнува да влијае врз нејзиниот приватен живот.
Ајзенберг, кој е сценарист и режисер на филмот, напишал седум оригинални песни за измислениот мјузикл. Тој рече дека главната улога ја напишал специјално за Мур, а приказната е инспирирана од неговите искуства во аматерскиот театар во детството. Покрај Мур, во филмот играат Пол Џамати, Хали Бејли и Ајзенберг.
„Дебито“ ќе има премиера во кината на 15 јануари 2027.
(Фото: АП)