Инди-рок бендот на Рајан Гослинг, „Dead Man’s Bones“, ќе објави нова музика, 17 години по неговиот единствен албум.
„Тој го исполни своето ветување кон мене“, кажа сопругата на Гослинг, актерката Ева Мендес.
Дуото, кое го сочинуваат Гослинг и музичарот Зак Шилдс, го издаде својот истоимен деби албум во 2009 преку издавачката куќа „Анти-рекордс“. Опишан како морничав од музичката веб-страница „Пичфорк“, албумот првично бил замислен како саундтрак за театарска претстава.
Гослинг ги покажа своите музички таленти во неколку наврати, вклучително и незаборавната изведба на „I’m Just Ken“ од филмот „Барби“ на доделувањето на Оскарите во 2024 година.
(Фото: ДПА)