Народниот театар Битола на 14 ноември ќе одбележи 82 години од основањето со отворање на 12. издание на Шекспир фестивалот и со премиера на претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел.
Фестивалот годинава ќе донесе театарски продукции и уметници од Италија, САД, Ерменија, Романија, Грузија и Малта. Автор на фестивалскиот плакат е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо.
Претставата „Кориолан“,премиерно беше изведена на Охридско лето и досега имаше три меѓународни гостувања, а на 14 ноември првпат ќе биде изведена на матичната сцена пред битолската публика.
Народниот театар Битола е основан на 14 ноември 1944 и е најстариот театар во Македонија.
Ж. ЗДРАВКОВСКА