„Аирбнб“ објави дека собата на Јулија во историската зграда од 16. век во Верона ќе може да се изнајми на 14 февруари, Денот на вљубените.

Куќата е магнет за заљубени двојки и обожаватели на драмата „Ромео и Јулија“, иако Шекспир никогаш не ја прецизирал локацијата на домот на Јулија. Дејството на драмата се случува во 16. век во Верона, а главните јунаци Ромео и Јулија си изразуваат љубов додека таа стои на балконот.

Во спалната соба ќе биде поставен и оригиналниот кревет од култниот филм на Франко Зефирели од 1968, „Ромео и Јулија“ (Фото: Аирбнб)

„Аирбнб“ им нуди на туристите можност за ноќевање во историскиот објект, што работи како музеј. Тие ќе бидат први туристи после 1930 кои добиле таква можност. Во спалната соба, уредена во стил на средниот век, ќе биде поставен и оригиналниот кревет од култниот филм на Франко Зефирели од 1968, „Ромео и Јулија“.

Фото: Аирбнб

Двојката ќе добие и специјален оброк што ќе се подготви во куќата. Заинтересираните двојки за оваа романтична понуда ќе треба да напишат писмо за нивната љубовна приказна и да објаснат зошто токму тие треба да ја добијат наградата. Писмата треба да се испраќаат до 2 февруари.