„Барселона џипси балкан оркестра“ ќе одржи концерт на 23 февруари 2027 во Филхармонијата во Скопје. На концертот ќе настапи и оригиналната пејачка Сандра Санџиао, која по седум години пауза се враќа во групата.
Концертот ќе биде нивни трет настап пред македонската публика, а се одржува во годината кога составот слави 15 години постоење.
„БГКО“ е меѓународен музички состав од Барселона, познат по обработките на балкански, ромски и традиционални песни од различни култури. На репертоарот се секогаш и македонски песни. Групата има настапувано на бројни фестивали и концертни сцени низ Европа и светот.
Билетите се во продажба преку мрежите на „МК тикетс“ и „Карти мк“.