Првото нуркање во Охридското езеро со помош на подводни скутери беше направено вчера. Ова го изведоа двајца познати нуркачи Никола Паскали и Даниел Атанасовски кои нуркаа во близина на охридското крајбрежје.
“Колку што знам досега никој не користел подводни скутери за нуркање во Охридското езеро.Ова за прв пат ние го направивме. Предноста е голема.Со овие скутери може да се помине големо растојание без да се троши силата на нуркачот,а се достигнуваат и големи длабочини.Во текот на денот ние поминавме голем дел од крајбрежјето што може да се оствари само со помош на вакви подводни скутери”,вели младиот охридски нуркач Никола Паскали.
Подводните скутери во светот како сила за движење користат мали,но силни електромотори и или компримиран воздух кој ја движи перката на скутерот.
Д. ЧУБРИЌ