Уму Сангаре, една од најголемите африкански пејачки, ќе го направи специјално вечерашното затворање на 17. издание на фестивалот Оффест, одржувајќи концерт во Македонската опера и балет од 20.30 часот.
Директорот на Оффест, Оливер Белопета, призна дека одамна сакал во Скопје да ја доведе 50-годишната Малијка, која ја следат прекари „песнопојната птица на Васулу“ и „кралица на Африка“.
„Стилот на пеење на Сангаре е Васулу. Тоа е популарен музички жанр, произлезен од народните традиции на руралниот југозападен дел на Мали. Таа, исто така, даде огромен придонес во меѓународната музичка соработка и за разбирањето помеѓу раси и народи“, се вели во најавата на концертот.
Сангаре е добитничка на Греми награда и е амбасадор на добра волја на Обединетите нации. По осумгодишна пауза, таа лани го издаде својот седми студиски албум, кој претставува ново поглавје во нејзината кариера.