БАКНУВАЊЕ

Бакнежот е обично првиот чекор во врската. Но, од каде треба да почнеме? И како да бидеме сигурни дека го правиме исправно?

Не постојат часови по бакнување, ниту пак е некоја тешка работа. Првиот и наједноставен начин на бакнување е допирот на усни со усни. Потоа, бакнувањето со јазик, каде нежно ги движиме усните, разоткривајќи ги преку нив усните на другиот. Потоа ја навалуваме малку главата кон едната страна, за да не ни пречат носевите во процесот и полека го пуштаме јазикот во устата на другиот. Ако ве прави да се чувствувате убаво, тогаш тоа е вистинскиот начин.

Осигурете се дека вашиот партнер ужива во бакнувањето, и појаснете му што вам ви се допаѓа. Некои сакаат влажни усни, а други не. Некои сакаат нежно бакнување, а други пак уживаат кога ќе го внесат јазикот длабоко во устата.

Бакнувањето може да биде многу пријатно, но не и толку доколку имате лош мирис на здивот. Внимавајте на храната која ја консумирате – обично силните зачини и лукот предизвикуваат мириси во телото и устата кои траат подолго време. Меѓутоа, доколку и двајцата го консумирате истото јадење, тогаш тоа не ви претставува проблем, бидејќи не го ни приметувате.

Некои луѓе ги затвораат очите кога се бакнуваат, а за други пак е повозбудливо доколку се бакнуваат со отворени очи. Некои пуштаат гласови, други дишат побрзо, а некои се тивки и мирни. Додека се бакнувате, можете да ги користите и рацете, да се милувате и да ги откривате деловите на телото кои се почувствителни.
Разни истражувања покажале дека луѓето можат да изгубат килограми преку страсните бакнувања. Најмалку 6,4 калории во минута, така што десет минути бакнување компензираат за калориите на едно колаче.
Исто така, бакнувањето го забрзува чукањето на срцето од 70 отчукувања во минута до 100 и 150.