ВО „ЅВЕЗДЕНИ ПАТЕКИ“, „ДИСКАВЕРИ“ СЀ УШТЕ КОРИСТИ ВИНДОУС

Лос Анџелес, (Верџ)
Во епизодата, Барнам кажа дека кодот е збунувачки, бидејќи содржи елемeнти на квантна физика, биохемија и генетика.
Во епизодата, Барнам кажа дека кодот е збунувачки, бидејќи содржи елемeнти на квантна физика, биохемија и генетика.

Серијалот „Ѕвездени патеки“ се врати на малите екрани со серијата за вселенскиот брод „Диксавери“. Актерката Сонека Мартин-Грин го глуми главниот лик Мајкл Барнам, која во третата епизода (од досегашните четири), доби задача да проучи програмерски код.

Во епизодата, Барнам кажа дека кодот е збунувачки, бидејќи содржи елемeнти на квантна физика, биохемија и генетика. И додека во епизодата се дознава дека кодот е поврзан со експерименталниот погон за транспорт на „Дискавери“, корисници на Твитер открија дека прикажаниот код е познат и во наше време.

Дејствието на „Дискавери“ се одвива во 2256 година и најнапредниот вселенски брод на Ѕвездената федерација користи Виндоус, оперативниот систем на „Мајкрософт“. Поточно, изгледа дека се работи за код од вирусот Стукснет, што е посебно чудно, бидејќи вирусот беше идентификуван во 2010 година како оружје да се онеспособи иранската нуклеарна програма.

Со оглед на тоа што во серијата одамна не се користи нуклеарно оружје поради откривањето на антиматериска технологија, тешко е да се сфати каква корист би имал екипажот на „Дискавери“ од вирусот Стукснет.