МОЕ И ТВОЕ ТЕЛО – МАШКО ТЕЛО

Не постои типичен маж. Секое тело е различно, но постојат заеднички работи за сите машки тела, како промените кои се случуваат за време на пубертетот и потрбената лична хигиена на телото. Секој човек има свој посебен мирис, што е мошне важен фактор во водењето љубов и го предизвикуваат феромоните-состојки кои ги лачи човековиот организам и кои го привлекуваат спротивниот пол.

За време на пубертетот, машките стануваат љубопитни за сé што се поврзува со сексот. Сакаат да читаат за сексот, да разгледуваат слики и да зборуваат на таа тема со друштвото. Од 11 до 16 години се случува и првата ејакулација, произлегување на белата течност наречена сперма од пенисот кога сексуално се возбудувате.

Сите машки се раѓаат со предна кожичка на пенисот – ткиво кое ја покрива и ја штити главата на пенисот. Доколку се обрежат, оваа кожичка се отстранува.
Пенисот се состои од неколку дела:

  • корен на пенисот-почетниот, прицврстениот дел со телото кој продолжува во телото на пенисот
  • тело на пенисот – долгастиот надворешен дел на пенисот
  • глава на пенисот – сензитивна главеста структура на крајниот дел од пенисот, која е покриени со кожичка, освен кај мажите кои се обрежани

Пенисот може да се зголемува или смалува бидејќи се состои од внатрешно сунгерасто ткиво која се полни со крв за време на ерекција. Најосетливиот дел од пенисот е главата на пенисот, кожниот раб околу главата.
Независно од тоа дали сте обрежани или не, важно е да одржувате добра хигиена миејќи го пенисот секој ден.

Анусот е отворот на дебелото црево, од каде што излегува изметот. Зоната на анусот е доста чувствителна и некои луѓе ја вклучуваат во процесот на водење љубов. Додека одлучите да го правите тоа, бидете внимателни анусот да биде добро исчистен со благ сапун и вода.

Тестисите се двата јајцевидни органи кои се наоѓаат на задниот дел од пенисот во кожната ќесичка која се нарекува скротум. Скротумот на секој маж изгледа различно, тој може да биде голем, мал, збрчкан или мазен, влакнест или не. Обично еден од тестисите тежнее подолу од другиот и имаат мала разлика и во големина. Во тестисите се наоѓаат спермните клетки. Истовремено тие произведуваат тестосерон, машки хормон кој предизвикува произведување сперма, развиток на поголема мускулатура, подлабок глас и телесни влакна. Притоа, тестистите се многу чувствителни и можат лесно да се повредат.

Простата е исто така дел од машките полови органи и произведува проѕирна течност во семенот. Може да ја почувствувате простатата ако го внесете прстот преку анусот околу 5 сентиметри во внатрешноста. Некои машки уживаат доколку за време на сексот им се допира простатата.

Напишете коментар