Џон Дилерманд има исклучителен пенис. Толку исклучителен што со него може да изведува спасувачки операции и разноразни задачи и дури да краде сладолед од деца.

Тој е главниот лик на новата анимирана серија на данската национална ТВ-мрежа „ДР“, наменета за деца од четири до осум години. Дилерманд го има најдолгиот пенис на светот и со него надминува потешкотии и предизвици во својот секојдневен живот. Ни малку изненадувачки, серијата предизвика дебата што е добра детска телевизиска содржина.

Серијата премиерно почна да се прикажува во саботата и „ДР“ е позната по тоа што поместува граници, особено за деца.

„Лесно можевме да направиме и серија за жена која не може да ја контролира својата вагина. Нам ни е најважно дека децата уживаат со Џон Дилерманд“, одговори „ДР“ на критиките.