ЗДРАВ СУМ БИДЕЈЌИ РАНО ГО ОТКРИВ – РОД СТЈУАРТ ОТКРИ ДЕКА ИМАЛ РАК НА ПРОСТАТА

Лондон, (Би-Би-Си)

Сер Род Стјуарт првпат призна дека имал рак на простата, но се излекувал бидејќи му бил дијагностициран во рана фаза.

„Никој не го знаеше ова, но си реков дека е време да соопштам. Пред две години ми беше дијагностициран рак на простата. Сега сум здрав, едноставно, бидејќи ми беше откриен рано. Направив многу тестови“, рече 74-годишната рок-легенда за време на хуманитарен настан.

„Две години поминував низ болеста со насмевка на лицето. Господ ме чуваше“, рече Стјуарт.

Тој им порача на мажите дека мора редовно да се проверуваат:

„Дечки, мора да одите на лекар“.

Повеќе од 11.000 мажи умираат од рак на простата годишно во Велика Британија.