МОЕ И ТВОЕ ТЕЛО – ЖЕНСКО ТЕЛО

Секоја жена има различни карактеристики на телото кои ја прават да изгледа уникатно, меѓутоа некои работи се заеднички за сите женски тела. Под името вулва спаѓаат сите сексуални женски органи на надворешниот дел на телото, меѓу нозете. Важно е убаво да се запознаете со вашето тело. Така може да дознаете што претставува задоволство, што ви се допаѓа а што не.

Усните се заштитниот дел на вагиналниот отвор. Има две надворешни и две внатрешни усни, кои се полни со жлезди чија функција е да произведуваат течност кога се возбудувате сексуално. На надворешните усни има влакни, додека внатрешните обично имаат потемна боја на кожата. Големината на усните е различна за секоја жена и се движи од 0-6 сантиметри.

Женските гради главно се состојат од жлезди кои произведуваат млеко. Тие може да бидат од разни големини, а брадавиците исто така се разликуваат и во големина и во боја. Секој месец хормоните ги спремаат вашите гради за бременост. Стануваат поголеми и почувствителни, а по месечниот циклус, тие се враќаат во својот обичен облик и големина.

Анусот кај жените е доста чувствителен. Некои луѓе одлучуваат да го вклучат во процесот на водење љубов. Доколку сакате да го направите тоа, бидете внимателни и измијте го анусот со благ сапун и вода. За да одбегнете инфекции не го допирајте анусот а потоа веднаш вагината, бидејќи бактериите од аналната зона, доколку влезат во вагината, можат да предизвикаат инфекција на мочниот меур или сексуално пренослива инфекција.

Јајната клетка се ослободува од јајникот и во стомачната шуплина се оплодува или не – од еден сперматозоид кој после однос преку матката и тубите исто влегува во стомачната шуплина. Ако се оплоди – преку тубите (каналите), влегува во матката и ако се угнезди во ендометриумот (внатрешниот слој на матката) почнува бременост. Ако не, она пропаѓа – во стомачната шуплина.

Кога не дојде до бременост, тој слој – ендометриум поради пад на хормоните почнува да се лупи од ѕидот на матката и полека излегува преку цервиксот и вагината надвор. Тоа е тоа менструално крварење (или мензис или циклус или менструација, сеедно).

Многу жени имаат жолткаст секрет од вагината. Ова е многу нормален феномен. Важно е да се носи чиста долна и надворешна облека. Користењето разни сапуни и шампони може да го поремети природниот баланс на бактерии, нешто што може да предизвика габични инфекции. Нормално е вашата вагина да има одреден мирис. Обично имате различен мирис пред циклусот во споредба со останатото време на овулацијата. Мијте ја вулвата со вода и носете памбучна долна облека која и дава на вагината можност да дише.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *