Некои девојки се возбудуваат повеќе за време на нивниот менструален циклус и обично тогаш имаат поголема желба за секс. Истражувањата покажуваат дека гледано од биолошки аспект, тоа е логично да се случи, бидејќи циклусот е периодот веднаш после овулацијата, односно кога жената е плодна. Од зголеменото ниво на женскиот хормон прогестерон, во нејзините гениталии се собира повеќе крв, што обично помага за полесно возбудување. Исто така менструалната крв може да врши улога на природен лубрикант.
Истовремено, сексуалниот однос може да помогне во олеснувањето на менструалните болки. Во моментот кога жената доживува оргазам, нејзините мускули ритмички се затегнуваат и релаксираат, нешто што може да ги олесни менструалните грчеви. Всушност, ако навистина ужива во сексот, може и едноставно да ги заборави болките, односно преку хормонот за задоволство ендорфин, болките се ублажуваат. Ендорфините имаат ист ефект и против главоболка, лесна депресија и нервоза.
Притоа, не е вистина дека „сé ќе биде валкано“. Една од најважните причини зошто луѓето не сакаат да водат љубов за време на менструалниот циклус на жената е дека не сакаат да се извалкаат или да имаат хаотична ситуација наместо да уживаат во сексот. Едно истражување покажа дека во страста на моментот, „менструалниот секс“ не изгледа нималку одвратен. А ако вашата грижа се флеките на чаршафот, тогаш користете крпа или водете љубов под туш.
Важно е да се нагласи дека многупати водењето љубов за време на овој период е отстранување на стигмата која некои жени ја чувствуваат за своите тела. Истражувањата покажуваат дека жените кои имаат секс за време на циклусот имаат поголема самодоверба во врска со изгледот на телото и подобри сексуални искуства.