Интернет гигантот „Алибаба“ постави нови рекорди во продажба на својот годишен настан Ден на самците.

Кинеската компанија заработи една милијарда долари во рок од само 85 секунди, достигнувајќи ја бројката од десет милијарди уште во првиот час од почнувањето на 24-часовното шопинг лудило. „Алибаба“ го собори минатогодишниот рекорд, заработувајќи 25 милијарди долари на неколку часа до крајот на продажбите.

„Алибаба“ традиционално го одржува шопинг фестивалот Ден на самците на 11 ноември и предвидувањата беа дека оваа година ќе се купат производи во вредност од 32 милијарди долари. Годинава беше отворен со настапот на Мараја Кери.

Една од најуспешните кинески компании го почна овој настан како спротивност на Денот на вљубените и минатата година успеа во продажбите да ги надмине Црниот петок и Сајбер понеделникот заедно. Околу 180.000 брендови на овој ден нудат свои производи на попуст.