АСТРОНАУТИ СИ ИГРАА СО ФИЏЕТ СПИНЕР ВО ВСЕЛЕНАТА

ИСС, (Мешабл)

Астронаутот на НАСА Ренди Бресник објави видео од себеси и дел од неговите колеги како ги тестираат законите на Исак Њутн, играјќи си со фиџет спинер на Меѓународната вселенска станица (ИСС).

Процедурата за вртење на фиџет спинер е иста како Земјата, но на ИСС, играчката лебди и продолжува да се врти без знаци на запирање. Уште поинтересно станува кога и астронаутите почнуваат да се вртат околу фиџет спинерот.

Сепак, фиџет спинерот нема да се врти бесконечно, бидејќи на фрикцијата со атмосферата на ИСС, колку и да е мала, како и воздушниот притисок ќе го забават фиџет спинерот и евентуално ќе го запрат.