Илон Маск изјави дека автомобилите на „Тесла“ отсега ќе може да се купуваат и со биткоини, а опцијата ќе стане достапна надвор од САД подоцна оваа година.
„Сега можете да купите ‘тесла‘ со биткоини“, напиша Маск на Твитер, додавајќи дека тие нема да бидат конвертирани во конвенционална валута.
Производителот на електрични возила минатиот месец објави дека купил биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и дека наскоро ќе почне да ги прима како средство за плаќање, што значително ја зголеми вредноста на најпопуларната криптовалута.
На сајтот на „Тесла“ е објаснето на кој начин може да се плати со дигиталната валута.