Сите велосипедисти делат ист страв: без разлика колку добро си го имаат врзано точакот, некој, сепак, би можел да го украде и избега.
„Бизеку“ смета дека има пронајдено решение за оваа вечна мака, па покрена кампања на Кикстартер, за да си го реализира проектот.
Бизеку е паметен катанец за велосипед, што се поврзува со вашиот телефон преку неговата блутут-апликација.
Катанецот се врзува за тркалото и се синхронизира со телефонот и откако ќе се оддалечите од велосипедот, тој автоматски ги блокира тркалата и го оневозможува нивното поместување. Во оној момент кога повторно ќе се доближите до велосипедот, Бизеку самиот се отклучува.
Добра вест за оние најпараноичните е што катанецот не може да се пресече. Доколку, сепак, некој се обиде да направи нешто на сила, тој има аларм и апликацијата веднаш ќе ве извести на телефонот.
Бизеку има и други можности, па мери брзина, помината дистанца и потрошени калории.