ДЕСЕТИЦИ МИЛИОНИ ЛУЃЕ КОРИСТАТ „123456“ ЗА ЛОЗИНКА, ПОКАЖА НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

Лондон, (Би-Би-Си)

Сајберкриминалците се користат со вешти методи за измамување на интернет корисниците и голем број од нив несвесно им ја олеснуваат работата.

Милиони луѓе користат лозинки што лесно се погодуваат на чувствителни профили, покажа истражувањето што го спроведе Центарот за сајбербезбедност на Велика Британија (НСЦС). Анализата покажа дека „123456“ била најчеста лозинка на пробиените профили и НСЦС препорачува таа да се состои од три случајно избрани збора кои лесно се памтат.

Околу 23,2 милиони луѓе имале едноставна лозинка „123456“, а втората најпопуларна е „123456789“. Во најчестите пет се и „qwerty“ (според првите шест букви на тастатурата), „password“ и „1111111“.

И користењето на омилени имиња, спортски клубови, музички групи и фиктивни ликови остава изложено милиони луѓе на хакери. Најчеста група која се појавува во лозинки е „Блинк-182“, а фиктивен лик – Супермен.

Никој не би требало да заштитува чувствителни податоци со нешто што лесно може да се погоди, како првото име, локален фудбалски клуб или омилен бенд. Тоа ги изложува луѓето на голем ризик од хакирање“, вели техничкиот директор на НСЦС, Ијан Ливи.