ДВОЈКА ОД КАЛИФОРНИЈА ЗАРАБОТУВА ИЛЈАДНИЦИ ДОЛАРИ ОД ПРОФИЛИТЕ НА СВОИТЕ МИЛЕНИЦИ НА ИНСТАГРАМ

Анахајм, (Си-Ен-Ен)

Нала е сиво-бела мачка со делумно искривени очи која била спасена од засолниште за животни и сака мажи со брада. Таа сака да ја галат, но не и да ја држат.

Нала исто така има 4,1 милион следбеници на Инстаграм, што ја прави најпопуларна мачка на оваа социјална мрежа.

Нејзините сопственици, Варисири Метачитипан и Шенон Елис од Анахајм, Калифорнија, имаат уште пет мачки и едно куче и сите имаат профил на Инстаграм, и тоа меѓу 17.000 и 1,9 милиони следбеници. Животните одамна имаат своја популарност на интернет, особено мачки и луѓе како Метачитипан и Елис имаат направено кариера од тоа.

„Најтешкиот дел е што всушност никогаш немаш слободен ден, тоа е 24/7 работа“, вели Метачитипан.

Освен што ги водат нивните профили, тие продаваат и сувенири со ликот на Нала и договараат реклами од брендови, чија цена по објава стартува од 8.000 долари.

Метачитипан ја посвоил Нала во 2010 и две години подоцна ѝ отворил профил на Инстаграм.

„По само четири месеци, таа веќе имаше 50.000 следбеници и тогаш сфатив дека имам нешто посебно. Благодарение на Нала ја запознав и мојата сегашна сопруга“, се присети Метачитипан.

Нала се појавува и на јавни и хуманитарни настани, каде што фановите имаат можност да ја запознаат.

„Мислам дека таа е свесна дека е славна. Луѓето плачат кога ќе ја запознаат“, додаде Елис.