ФРАНЦУЗИНКА ДИЗАЈНИРАШЕ ТОАЛЕТ ЗА ЖЕНИ ЗА НАСТАНИ НА ОТВОРЕНО

Копенхаген, (Дезин)

Џина Перие и Александер Егебјерг дизајнираа специјален тоалет за жени, што може да се користи на фестивали и на други настани на отворено. Наречена Lapee, розовата пластична структура има три простори за уринирање во спирална форма, со заоблени паравани кои му даваат приватност на корисникот.

Тие го дизајнираа Lapee за да се овозможи родова еднаквост на настаните на отворено, кадешто жените мора долго да стојат во редица за тоалет. Тие велат дека Lapee е лесен за транспорт и одржување.

Фото: Дезин

„Истражувавме и дојдовме до заклучок дека имало некакви обиди за женски тоалети во минатото, но тие најчесто биле инсталации или нешто набрзина склопено. Ништо од тоа не е фабрички направено“, вели Перие, француска архитектка кој живее во Копенхаген.

Дизајнерите ја студирале формата на писоарите за да дојдат до решение за луѓе кои мора да седнат за да уринираат.

Фото: Дезин

„Вака сте побезбедени, бидејќи не сте зад врата која може да се заклучи и никој да не ве види. Вака сте 60 сантиметри над основата, односно на иста висина доколку некој стои“, вели таа.

Lapee може да се поврзе со канализациска мрежа, но има и свој резервоар, кој собира 1.100 литри. Тежи 200 килограми кога е празен, а направен е од рециклирачки полиетилен, тврда пластика која може да издржи надворешни удари.