ЕДНА ОД НАЈСКАПИТЕ ВИДЕОИГРИ ДОСЕГА „САЈБЕРПАНК 2077“ ИЗЛЕЗЕ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА РИЗИК ПО ЗДРАВЈЕТО

Њујорк, (АФП)

„Сајберпанк 2077“, една од најскапите видеоигри досега направени, конечно беше објавена денеска, откако нејзините креатори ветија дека ќе ја поправат графиката, за која се вели дека може да предизвика епилептичен напад. Објавувањето на играта, која ја следеше публицитет на холивудски филм, двапати беше одложено годинава и креаторите беа принудени да стават предупредување, откако еден играч се пожалил дека му предизвикала епилептичен напад.

„Бараме постојано решение за да го отстраниме ризикот по здравјето што е можно побрзо“, соопшти продуцентот на играта „ЦД Пројект РЕД“.

Играта веднаш доби високи оценки од критичари, кои ги фалат реалистичниот приказ на футуристичкиот град Најт Сити и слободата што му е дадена на играчот, додека некои ја опишаа графиката како ужасна. Играта ги содржи и ликот и гласот на Кијану Ривс.

Буџетот на играта, која излезе 32 години по првата верзија, е проценет на 328 милиони долари, што ја прави една од најскапите во историјата.