„ЕЛ-ЏИ“ ПУШТИ ВО ПРОДАЖБА ТЕЛЕФОН ПРОТИВ КОМАРЦИ

Новиот мобилен телефон на „Ел-Џи“ треба да ги брка комарците преку ултразвучни бранови, нешто што според јужнокорејската компанијата би било од голема корист за корисниците во Индија. Меѓутоа, многу научници тврдат дека всушност, телефонот нема капацитет да брка комарците.

Во неколку области во Индија, комарците претставуваат навистина голем проблем, поради тоа што пренесуваат болести како Денг треска и вирусот Чикунгуња, кои веќе станаа вообичаен феномен во урбаните центри. Маларијата, исто така, е познат ризик во Индија. Токму поради ова, „Ел-Џи“ почна да ја рекламира новата технологија „Комарците подалеку“ со која што ќе се занимава со произведување на разни видови уреди против комарците.

Ваквата технологија претходно се појавувала во клима уредите на „Ел-Џи“, а за новиот производ, мобилниот телефон „К7и“, компанијата соопшти дека успеал да избрка „72% од комарците преносници на болести“. Од друга страна, пак, Американската асоцијација за контрола на комарци и други организации, кои со години прават истражувања за начини на кои што би можеле да се борат против комарците, утврдиле дека ултразвучните бранови не се ефективни.

И покрај тврдењата на научниците, маркетингот на новиот мобилен телефон на „Ел-Џи“ се покажа како мошне успешен, благодарение и на тоа дека беше сертифициран од страна на Меѓународен институт за биотехнологија и токсикологија на Индија. Инаку, телефонот располага со 4Г, има задна камера од 8мп и предна од 5мп, и четиријадрен процесор 1.1, а се продава по цена од 122 долари во Индија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.