„Епл“ го претстави новиот смартфон „ајфон 14“, кој има итна сателитска конекција и технологија за откривање сообраќајни несреќи. На промоцијата во седиштето на компанијата, што ја водеше извршниот директор Тим Кук, беа покажани четири верзии на новиот телефон.
„Ајфон 14“ доаѓа во две големини: „ајфон 14“ и „ајфон 14 плус“. Тие имаат способност да испратат итен повик за помош преку сателит. На екранот ќе се прикаже каде се наоѓаат сателити над корисникот и како правилно да се насочи уредот кон нив. Ќе бидат потребни 15 секунди до една минута за да се испрати основна порака.
„Ајфон 14“ има нова камера со 12 мегапиксели, способна да фотографира објекти кои брзо се движат, а снимањето при слаба видливост е подобрена за 49%, тврдат од компанијата.
Неговата цена е 799 долари.