Американските тинејџери сѐ повеќе го откачуваат Фејсбук заради други платформи, како Јутјуб, Инстаграм и Снепчет, покажа едно ново истражување.

Само 51 отсто од нив користат Фејсбук, што е драстичен пад од 20 проценти во споредба со 2015 година.

Најголем виновник за падот на популарноста на Фејсбук е Јутјуб, имајќи предвид дека 85% од тинејџерите ја користат оваа платформа.

На второто и третото место се наоѓаат Инстаграм (72%), кој е во сопственост на Фејсбук и Снепчет (69%).

Популарноста на Твитер стагнира и оваа мрежа денес ја користат 32% тинејџери, што е релативно иста бројка во последните три години.

Ова истражување покажа и колкава важност имаат смартфони во животот на денешните тинејџери, бидејќи 95% од нив поседуваат таков телефон, додека пред три години биле 73%.