ФЕЈСБУК ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМИ БРОЈКАТА НА ЛОКАЛНИ ВЕСТИ НА ЊУЗ ФИДОТ

Њујорк, (Верџ)

Фејсбук објави дека ќе почне да им дава приоритет на локалните вести во појавувањето на њуз фидот. На тој начин, корисниците ќе имаат поголема веројатност да видат некоја приказна од локалните медиуми. Иако овие промени засега важат само за САД, Фејсбук планира да ги воведе на глобално ниво.

Фејсбук ги одредува „локалните медиуми“ според бројот на кликовите на група од иста географска зона.

„Луѓето често ни велат дека сакаат да видат повеќе локални вести на Фејсбук. Локалните вести нѐ доближуваат до приказните од нашата заедница и до проблемите кои ни влијаат врз животот“, вели извршниот директор на компанијата, Марк Закерберг.

Овој потег е најновиот во серијата промени на Фејсбук од почетокот на годината. На 11 јануари, компанијата најави дека ќе почне да дава предност на постовите од пријатели и роднини, а потоа и дека ќе почне сериозно да пресметува колку е доверлив еден извор, за да се одреди и степенот на појавување на њуз фидот.