„ГУГЛ“ ГО ЛАНСИРАШЕ ПРВИОТ ДИГИТАЛЕН ПРЕВЕДУВАЧ НА ХИЕРОГЛИФИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

„Гугл“ лансираше преведувач на хиероглифи што користи машина која учи како да се декодира древното египетско писмо. Алатката може да се пронајде во апликацијата Arts & Culture и им овозможува на корисниците и да ги преведуваат сопствените зборови и имоџија во хиероглифи.

Фабрициус е првата алатка која учи преку машина за да ја сфати смислата на хиероглифите“, соопшти „Гугл“.

Во теорија, таа ќе се унапредува со тек на време како што ќе се зголемува бројот на корисници.

Иако е импресивна, таа сѐ уште не може да замени високообучен експерт во читањето древни записи. И натаму постојат големи пречки во читањето хиероглифи, зашто тие рачно се обликувани и варираат низ времето“, изјави д-р Роланд Емарк, виш предавач по египтологија на Универзитетот во Ливерпул.