„ГУГЛ“ ЌЕ ГРАДИ ДИГИТАЛЕН ГРАД ВО ТОРОНТО

Торонто, (Би-Би-Си)

Сајдвок Лебс“, компанија во сопственост на „Гугл“, планира да изгради дигитален град во Торонто.

Целта е тој да стане работна лабораторија за развој на смарт технологии покрај брегот, што ќе содржи брз интернет, милиони сензори, обновлива енергија и самостојни возила.

Соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор, како во Торонто, има некои предности, но градовите треба да знаат што добиваат од таа зделка. Градовите пробуваат сѐ за да ги подобрат економијата и инфраструктурата, но треба да сфатат дека компаниите не го прават тоа од хумани причини, туку за да го зголемат профитот на нивните акционери. На градовите им треба визија за тоа што сакаат да го постигнат, но не треба да мислат дека приватните компании ќе го направат тоа за нив“, вели Роберт Пуентес, експерт за планирање на урбани области.

Проектот во областа Квејсајд, што ќе биде наречен Тротоар Торонто, беше одобрен од премиерот Џастин Трудо. „Гугл“ донираше 50 милиони долари да се започне со проектот.

Вака ќе можат да се тестираат нови технологии. Технологии што ќе нѝ помогнат да изградиме поеколошки и понапредни градови, со надеж дека тие ќе се прошират и во други делови од Канада и светот“, кажа Трудо.