Брендот на производи за орална хигиена „Орал-Б“ ја претстави првата електрична четка за заби со вештачка интелигенција. Од компанијата велат дека оваа четка го подобрува миењето заби и дава информации дали исправно го правиме тоа.
Четката „Oral-B Genius X“ преку Блутут се поврзува со апликација на вашиот телефон, која покажува колку време ги миете забите и ве упатува на кои делови треба да им се посвети поголемо внимание. Таа исто така користи сензори кои предупредуваат кога се врши преголем притисок на забите и непцата.
Собраните податоци се праќаат на апликацијата, која потоа на корисникот му дава прецизен водич за исправно миење заби.
Цената на „генијалната“ четка за заби изнесува 220 долари.