Д-р Радмила Димовска

Пишува: д-р Радмила Димовска, доктор – специјалист по ортодонција од ординацијата „КРУНА МС“

Денес е забрането предниот и заедниот дел од забите да се четкаат со хоризонтални движења. Овие потези треба да се користат за четкање само на онаа површина од забите која се користи за мелење на храната, За чистење на предниот и задниот дел од забите држете ја четкичката на истиот начин, но не правете хоризонтални движења, туку вертикални и нежни. Нагоре-надолу движењата се покажаа побезбедни за забите. Овие движења може едноставно да се направат со придвижување на рачниот зглоб, а не со движење на раката горе-долу, бидејќи така може да дојде до премногу силно притискање со четката врз забите. Исто така, не заборавајте нежно да ги исчеткате и непцата.

На овој начин се уништуваат бактериите, кои се наоѓаат на непцата и се подобрува крвотокот во нив, кој пак придонесува за подобро хранење на забите. Се смета дека е полезно и нежното четкање на површината на јазикот и просторот под него. На овој начин се чисти јазикот, се уништуваат бактериите и се елиминира лошиот здив. Забите треба да се четкаат два пати во денот, најдобро по појадок и пред спиење, навечер. Некогаш препорачуваме забите да се четкаат и по попладневниот оброк.