ИКС И ОФИЦИЈАЛНО ИМ ДОЗВОЛИ НА СВОИТЕ КОРИСНИЦИ ДА ОБЈАВУВААТ СЕКСУАЛНИ СОДРЖИНИ

Сан Франциско, (АП)

Илон Маск и официјално дозволи да се објавуваат порнографски и насилни содржини на социјалната мрежа Икс, но тие ќе бидат блокирани за корисниците помлади од 18 години и за оние кои ќе изберат дека не сакаат да ги гледаат,

Компанијата вчера ги објави новите правила со кои се формализира она што може да се види на платформата.

Икс, порано Твитер, и досега не им забрануваше на своите корисници да објавуваат содржини за возрасни. Сепак, оние кои објавуваат голотија и консензуални сексуални содржини сега се замолени да ги прилагодат своите поставки и на нивните фотографии и видеа да стават предупредување пред тие да бидат видени. Оние кои имаат помалку од 18 години или немаат ставено датум на раѓање нема да можат да ги гледаат овие содржини.

Сексуалното изразување, без разлика дали е визуелно или писмено, може да биде легитимна форма на уметничко изразување“, велат од Икс.

Слични правила ќе важат и за објавување насилни содржини, како насилен говор и поттикнување насилство.

(Фото: АП)