ИНСТАГРАМ ПОЧНА ДА ЈА КРИЕ БРОЈКАТА НА ЛАЈКОВИ ПОД ПОСТОВИ ЗА ДА ГО НАМАЛИ ПРИТИСОКОТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Инстаграм почна да ја крие бројката на лајкови на постови во некои држави, како Австралија и Јапонија, со цел да го „намали притисокот“ врз корисниците. Тоа значи дека корисниците ќе го видат само своето име и „останатите“ под постовите место бројка. На сопствените постови бројката ќе остане видлива.

Инстаграм претходно почна ваков тест во Канада, а сега тоа се прошири и на Австралија, Нов Зеланд, Јапонија, Бразил, Ирска и Италија.

„Се надеваме дека овој тест ќе го отстрани притисокот за тоа колку лајкови ќе добие еден пост, за да можат корисниците да го споделуваат она што го сакаат. Сакаме луѓето да се чувствуваат помалку осудувани“, изјави Мија Гарлик, директорката на „Фејсбук“ за Австралија и Нов Зеланд.

Кога оваа опција првпат беше лансирана во Канада, шефот на Инстаграм Адам Мосери кажа дека целта била да се минимизира стресот од објавувањето на интернет, бидејќи корисниците многу се натпреваруваат меѓусебе.

„Целта е луѓето повеќе да се поврзуваат, а не само да гледаат кој колку лајкови добил“, вели Мосери.