ИНДИЈА НА 22 ЈУЛИ ЈА ЛАНСИРА НАЈЕВТИНАТА МИСИЈА НА МЕСЕЧИНАТА

Њу Делхи, (Би-Би-Си)

Индија го објави новиот датум на лансирањето на својата мисија на Месечината, за која се вели дека е најевтина во историјата.

Тешка 2,3 тони, ракетата „Чандрајан-2“ ќе биде лансирана на 22 јули, објави Индиската вселенска агенција, откако првиот обид во понеделникот беше одложен во последен момент од технички причини.

Индија се надева дека нејзината мисија од 150 милиони долари ќе биде прва која ќе слета на јужниот пол на Месечината.

Првата мисија во 2008 година не слета на површината на Месечината, но радарите на „Чандрајан-1“ ја изведоа првата и досега најдетаљна потрага по вода. Новата мисија ќе се фокусира на површината и меѓу другото, ќе бара вода и минерали и ќе регистрира лунарни потреси.

Ако биде успешна, Индија ќе стане четвртата земја која слетала на Месечината, по САД, Советски Сојуз и Кина.