Фотографија на обично мало јајце ја презеде титулата на најлајкуван пост на Инстаграм од Кајли Џенер.

Објавена од корисникот Ег Генг на 4 јануари, таа имала за цел токму да го урне рекордот на Џенер, односно нејзиниот пост дека се породила. Јајцето го надминало рекордот на Џенер од 18 милиони лајкови вчеравечер и моментално е на повеќе од 25 милиони лајкови.

„Ова е лудило. Какво време да се биде жив“, напиша Ег Генг и им се заблагодари на сите кои помогнале.

Не се чекаше долго на одговор од Кајли Џенер, која објави кратко видео во коешто крши јајце.